За Нас

Фирмата Бреза ДООЕЛ е формирана во 1991 во Штип на ул. Железничка бб. Се простира на работен простор од 4000 m² со можност за проширување. Опремена е со современа копмлетна технолошка линија за изработка на мебел. Вработува искусни лица кои во делот на својата работа го даваат своето максимум знаење и искуство, се со цел да ги задоволат потребите на потрошувачите.

Се занимава со проектирање, производство и монтажа на мебел од плочести материјали. Нашите искусни дизајнери работат согласно Вашите желби и потреби, во стил на денешните модни трендови. Произведуваме и монтираме мебел за кујни, спални, детски соби, канцелариски мебел, деловни простори, од оплеменета иверица, постформинг плочи, МДФ плочи, а посебно внимание обрнуваме на квалитетот на оковите. Еднаш влезени во Вашиот дом, нашите производи ке Ви служат секогаш.

За клиентите кои не можат да си дозволат готов производ во нивниот дом нудиме различни варијанти: услуги - кроење и кантирање (праволиниски и кружно) на оплеменета иверица по спецификација на нарачателот, изработка на вратички за Вашите постоечки елементи, сервис на постоечки елементи, доградби на вашиот мебел и други услуги ...

Референтна листа:

  1. Одделение за дијализа - Клиничка болница (Штип)

  2. Ветеринарна лабораторија - Граничен премин (Гевгелија)

  3. Ветеринарна лабораторија - Граничен премин (Меџитлија)

  4. Канцеларии на Локален Економски Развој - (Општина Штип)

  5. Мебел во ЈОУДГ "Астибо" - (Штип)

  6. Мебел во ЈОУДГ "Брешиа" - (Дебар)

  7. Мебел во ЦСНО "Здравко Чочковски" - (Дебар)

  8. МК Албатрос - (Штип)

  9. Карма Бела - (Штип)

  10. Мебел во О.У. во Македонија - Проект: Модернизација на образованието

  11. Печатница Лонгуров - (Штип)

  12. МК Линеа - (Штип)

  13. ProCredit Bank - (Експозитура Штип)